Земјоделството треба да се адаптира кон климатските промени
Климата се менува. Земјоделците се сеќаваат дека пред триесеттина години произведувале на поинаков начин. Се очекува дека климатските промени во иднина ќе бидат многу поизразени. Сушите ќе бидат подолготрајни, поплавите ќе имаат поголем замав и ќе се зголеми периодот на минусни температури. Поради тоа, земјоделците треба навремено да се едуцираат и да го прилагодат производството на новонастанатите услови.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Владимир Тевчев
Снимател: Иван Камчев