Фекалиите од Могила преку реката Шемница завршуваат во Црна Река и во Стрежевско езеро од коешто се наводнувааат полињата во Пелагонија. Во Могила има пречистителна станица, но жителите тврдат дека таа не функционира и дека е потребно постојано одржување. Од Општината не одговорија на прашањата за оваа проблематика. Уште поголем проблем е што никој не ја испитува водата со којашто се наводнуваат обработливите земјоделски површини.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Марија Севриева
Снимател: Тони Стојановски
Монтажа: Ристе Душковски