Депонијата Русино сè уште го загадува воздухот во Гостивар и го прави животот неподнослив. Граѓаните се принудени да бегаат од градот кога се согорува отпадот. Тие тврдат дека поради загадувањето пчелите не произведуваат мед како порано, а поради исцедоците од депонијата добитокот воопшто не пие вода од реките. Во новата епизода од серијалот „Загадени градови“ откриваме дека постојат повеќе причини за загадувањето во Гостивар и какви промени се потребни за гостиварци да дишат чист воздух.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Тони Стојановски
Монтажа: Борче Крстевски

Повеќе на темата:

Струмица се гуши за да нè нахрани

Тетовци сè уште се гушат во сопствениот чад

Куманово три чекори напред, шест назад во борбата со аерозагадувањето