Зимата повторно го актуелизираше проблемот со загадувањето на воздухот. Во првата епизода од серијалот „Загадени градови“ ги претставуваме причините за аерозагадувањето во Куманово и главните пречки за справување со овој проблем. Една од нив е што сè уште се користат мазут и дрва за затоплување на институциите и домовите. Енормното зголемување на цените на природниот гас ги одвраќа институциите, но и субјектите од приватниот сектор да прејдат кон овој енергенс.

Оваа содржина ја подготви Институтот за комуникациски студии

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Борче Крстевски