Љубителите на скијањето ќе можеа и во текот на април да уживаат во овој спорт на планината Кожуф доколку функционираше патот до истоимениот ски-центар кој почна да се гради уште во 2009 година и за кој државата потроши 9 милиони евра.

По само две години промотивна работа на ски-центарот патот бил прогласен за небезбеден и запуштен заради што биле стопирани понатамошните инвестиции во овој туристички центар.

Ангел Наков, еден од сопствениците на ски-центарот „Кожуф“ вели дека единствена причина заради која се кочи овој проект е планот за отварање 23 рудници за бакар и злато.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Сузана Мицева
Снимател и монтажер: Кире Пиличев