Граѓани и екологисти сведочат дека поради несоодветната изградба на малите хидроцентрали од македонските реки ги снемува пастрмката и други ендемски видови. Државата нема капацитет редовно да ја контролира работата на сите мали хидроцентрали и реагира само по поднесени претставки. Кобни последици по биодиверзитетот и природата во нашата земја може да има доколку нивната заштита биде препуштена на совеста на инвеститорите.  

Камера: Иван Поповиќ
Новинар: Мартин Пушевски
Монтажа: Борче Крстевски