Сакаме во ЕУ ама менуваме легислатива против европската пракса. Неодамна донесениот закон за отпад, забранува увоз на секаков вид отпад кој може да се користи како енергенс. Државата не е способна ни сопственото ѓубре да го преработи за да го користи како гориво. Тридецениската пракса на државите од унијата нам не ни е блиска, оти самите не сме способни да направиме, а на туѓото – не му веруваме. Македонија нема ниту лабораторија за сама да испита што содржи увезениот РДФ отпад.
Новинарка: Катерина Топалова
Монтажа: Борче Крстевски
Сниматели: Слаѓан Милошевски, Иван Поповиќ, Тони Стојановски