Метеоролошките прогнози мораат да бидат база за стратегијата колку и што ќе се набавува за да се преживее „тешката зима“. Метеоролозите велат дека повеќе енергија ќе биде потребна за првата половина, кога се очекува поголем студ, додека во втората се очекуваат повеќе врнежи, но и поблаги температури. Студени и влажни бранови се можни, но долгорочно не можат да се предвидат.

  • За да се направи каква било стратегија во време на недостиг или висока цена на енергенси, важно е да се знае какви температури не очекуваат престојната зима.
  • Глобалната атмосферска циркулација, глобалната океанска циркулација, загревањата на морињата и океаните, распоредот на воздушните маси, центри со висок и низок притисок, температурни осцилации и сите колебања, даваат одредени сознанија каква би била зимата.
  • Во првата половина од зимата не очекува постудено време.
  • Втората половина од зимата ќе биде „поблага“ од просечната.
  • Ако се земе сезоната во целост, тогаш прогнозата е дека оваа зима, не би требало да отстапува од претходните три.
  • Многу држави, многу региони и многу градови во светот веќе започнаа со т.н. стратегија за адаптација на климатските промени и со тоа ги гледаат сите ризици.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски