Топењето на варовник за добивање вар во варџилници е занает кој постои во Македонија со векови. Во старите, од камен ѕидани печки се ложи оган кој достигнува над 1000 целзиусови степени – услов да се оствари физичко-хемиската трансформација од варовник во вар.
Варта се користи за различни цели во домаќинството. Како градежен материјал, како пигмент за бојадисување, но и како стабилизатор во изработка на домашна конзервирана храна, а и како традиционален лек.
Со цел да се ,,испече” варта потребно е високо калорично дрво (даб и бука), но, бидејќи цената на дрвото е многу висока, последните години вараџиите како гориво користат стари пневматици од моторни возила. Гумата при горење постигнува температура доволна за да се добие вар. При согорување на гумите се ослободуваат голем број на гасови и токсични материи кои ја загадуваат околината и може да предизвикаат респираторни болести и иритации на кожа.
Иако варта е основен приход за многу семејство во руралните средини во Македонија, сепак користењето на гума како гориво е опасно по здравјето на луѓето и околината.
Варџилница
Отворена варџилница
Арматура- остаток од палењето на гуми