Еколошка бомба отчукува во Вардар
Континуираното загадување на реката Вардар со фекалии и непречистени индустриски води го менува физичко-хемискиот состав на водата. Мерењата покажуваат надминување на дозволените вредности во однос на присуството на бактерии и тешки метали. Тоа може да има негативно влијание врз населението, посебно ако се земе предвид дека по течението на Вардар има земјоделски површини на коишто се одгледуваат различни култури.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Борче Крстевски
Прочитајте ја целата приказна „Од природна убавина до отровна река“
Некогаш едно од омилените места за разладување на македонските граѓани, денес најдолг канализациски канал во Европа. За само педесетина години успеавме да го уништиме Вардар. Истражувавме какви се негативните ефекти од загадувањето со комунални и индустриски води и дали идните генерации може да дочекаат пречистување на најголемата река во Македонија.
прочитај повеќе