Природа на продажба
Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите.
Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на Сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка. За изненадување, доаѓа во форма на пријател – љубител на пеперутки. Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар, се воодушевуваат на природата и ја фотографираат, сепак, неретко ја ловат македонската сивка, а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва и веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа за само околу 30 евра.
Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување. Во 2011 година, сивката станува заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон не се почитува.
Истражувањето за кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета е основа на филмот „Природа на продажба“. Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.
Филм на:
Жанета Трајкоска, Ана Алексовска, Кирил Пржо Арсовски, Владимир Николоски, Флоријан Шмиц
Режија: Ана Алексовска
Наратор: Ѓорѓи Нешкоски
Монтажа: Мајда Бошњак Атанасовска
Анимација: Филип Велковски
Камера: Иван Поповиќ, Наке Батев, Бјорн Шнајдер
Дрон: Љубомир Домазетов
Макро-камера: Велијан Јагев
Дизајн на звук: Горан Стојчевски
Продукција: Институт за комуникациски студии и Deutsche Welle Europe
Финансирано од: European Journalism Fund