Конвенциите за природа само ги потпишуваме, а не ги почитуваме
Според анализите, нашата земја се наоѓа на самиот врв на држави познати како европски жаришта на биодиверзитетот. Заштитата на природата како една од глобалните цели на човештвото последниве децении е преточена и уредена во повеќе меѓународни документи, кои откако се ратификувани од страна на највисокиот законодавен дом во државата, автоматски стануваат дел од националниот правен систем на нашата држава.