Еколог

Кој ќе понесе одговорност за владиното „пу, пу, не важи“ за „Иловица“?

Кој ќе понесе одговорност за владиното „пу, пу, не важи“ за „Иловица“?

Еден месец, две различни одлуки. Едната за спојување на двете концесии за рудникот „Иловица-Штука“, а другата за престанок на важењето на истата одлука. Македонската Влада, во стилот на „Доктор Џекил и господинот Хајд“ за кус период направи лупинг од 360 степени во постапката за овој случај. Првата контроверзна одлука за спојување на концесиите како информација не беше доставена до медиумите, но беше објавена во Службен весник и предизвика бурни реакции и протест во Струмица. Само што слегна прашината од неа, премиерот Димитар Ковачевски и неговиот тим направија чекор назад и ја повлекоа одлуката којашто самите ја донесоа.

Правото се „тегне“ како тесто кога треба да се угоди за „Иловица“

Правото се „тегне“ како тесто кога треба да се угоди за „Иловица“

Ниту Владата со одлуката на Управниот суд била задолжена да донесе одлука за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, ниту членот 61 од Законот за минерални суровини ја обврзува на такво нешто.

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Спојувањето на концесиите за рудникот Иловица е еден од условите кои морало брзо да бидат исполнети за холандската фирма „НД Груп“, во сопственост на тетовецот Назиф Дестани да може да стекне уште поголем колач од сопственоста на канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс), која подолг период го турка проектот за отварање на рудник на бакар и злато во струмичко.

Струмичката котлина мобилизирана против рудникот Иловица

Струмичката котлина мобилизирана против рудникот Иловица

Огорченост и загриженост на лицата на жителите од селата во Струмичката котлина по одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс рисорсес“ за отвoрање на рудникот за злато и бакар кај Иловица.

Судот го донесе „Еколог“ на Назиф Дестани на чекор до отворање на рудникот Иловица

Судот го донесе „Еколог“ на Назиф Дестани на чекор до отворање на рудникот Иловица

Управниот суд ја уважил тужбата на „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс) против владината одлука за раскинување на договорот за една од концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, дознава „Дома“. Пресудата следува откако Вишиот Управен суд го врати предметот на повторно одлучување.

Назиф Дестани од „Еколог“ вложил милиони во „Еуромакс“ за да копа злато во струмичко

Назиф Дестани од „Еколог“ вложил милиони во „Еуромакс“ за да копа злато во струмичко

Само петнаесетина дена откако Дестани ги купил акциите во „Еуромакс“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која подолг период пред македонските судови се жали на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда на оваа локација.