Мавровско Езеро

Национален срам „Маврово“

Национален срам „Маврово“

Потрошени пет милиони евра, студија која десет години фаќа прашина во фиоките и закон кој упорно не поминува во Собранието. Наместо тоа никнуваат диви депонии, водотеците и езеро се загадуваат, шумите се уништуваат, а на голема врата влегоа бетонизацијата и сообраќајниот хаос. Преку фотографии ви го доловуваме процесот како Маврово од национален парк секојдневно се трансформира во национален срам.