Раец

Дреновска Kлисура – споменик на природата под градежна опсада

Дреновска Kлисура – споменик на природата под градежна опсада

Дреновската Клисура е уште еден бисер во природното богатство на Македонија. Сместена во централниот дел на нашата држава, таа е опкружена претежно со површини под земјоделски култури, меѓу кои доминираат лозови насади, така што самата клисура, иако мала според површината што ја зафаќа, претставува еден вид оаза во која е концентрирано биолошко наследство со огромно значење.