Рудник

Зимата и студот не ги спречува да се борат за Ореовец, за водата и за природата

Зимата и студот не ги спречува да се борат за Ореовец, за водата и за природата

Веќе осум месеци жители на Ореовец и на други села во околината со жив штит бранат машините на „Бехтел и Енка“ да работат на изградбата на делницата Прилеп-Битола од Коридорот 10-д, кои им го уништуваат имотот и животната средина.

„Еуромакс“ повторно тужи за Иловица, активисти бараат одговорност од Бектеши

„Еуромакс“ повторно тужи за Иловица, активисти бараат одговорност од Бектеши

„Еуромакс“ се жали на нефер третман од државните институции. Сè поизвесно е дека адут во постапката ќе им биде изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека владината одлука за поништување на спојувањето на концесиите била политичка и погрешна, со која тој не се согласува, но ја почитува.

Кој ќе понесе одговорност за владиното „пу, пу, не важи“ за „Иловица“?

Кој ќе понесе одговорност за владиното „пу, пу, не важи“ за „Иловица“?

Еден месец, две различни одлуки. Едната за спојување на двете концесии за рудникот „Иловица-Штука“, а другата за престанок на важењето на истата одлука. Македонската Влада, во стилот на „Доктор Џекил и господинот Хајд“ за кус период направи лупинг од 360 степени во постапката за овој случај. Првата контроверзна одлука за спојување на концесиите како информација не беше доставена до медиумите, но беше објавена во Службен весник и предизвика бурни реакции и протест во Струмица. Само што слегна прашината од неа, премиерот Димитар Ковачевски и неговиот тим направија чекор назад и ја повлекоа одлуката којашто самите ја донесоа.

Правото се „тегне“ како тесто кога треба да се угоди за „Иловица“

Правото се „тегне“ како тесто кога треба да се угоди за „Иловица“

Ниту Владата со одлуката на Управниот суд била задолжена да донесе одлука за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, ниту членот 61 од Законот за минерални суровини ја обврзува на такво нешто.

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Спојувањето на концесиите за рудникот Иловица е еден од условите кои морало брзо да бидат исполнети за холандската фирма „НД Груп“, во сопственост на тетовецот Назиф Дестани да може да стекне уште поголем колач од сопственоста на канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс), која подолг период го турка проектот за отварање на рудник на бакар и злато во струмичко.

Струмичката котлина мобилизирана против рудникот Иловица

Струмичката котлина мобилизирана против рудникот Иловица

Огорченост и загриженост на лицата на жителите од селата во Струмичката котлина по одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс рисорсес“ за отвoрање на рудникот за злато и бакар кај Иловица.

Судот го донесе „Еколог“ на Назиф Дестани на чекор до отворање на рудникот Иловица

Судот го донесе „Еколог“ на Назиф Дестани на чекор до отворање на рудникот Иловица

Управниот суд ја уважил тужбата на „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс) против владината одлука за раскинување на договорот за една од концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, дознава „Дома“. Пресудата следува откако Вишиот Управен суд го врати предметот на повторно одлучување.

Назиф Дестани од „Еколог“ вложил милиони во „Еуромакс“ за да копа злато во струмичко

Назиф Дестани од „Еколог“ вложил милиони во „Еуромакс“ за да копа злато во струмичко

Само петнаесетина дена откако Дестани ги купил акциите во „Еуромакс“, Вишиот управен суд одлучил да ја уважи жалбата на канадската компанија, која подолг период пред македонските судови се жали на одлуката на Владата да го раскине договорот за една од концесиите за експлоатација на руда на оваа локација.

Нови правила на валканата игра

Нови правила на валканата игра

Повикувајќи се на постапно и што побрзо укинување на зависноста на Европа од увоз на руска енергија, ЕУ го усвои планот REPowerEU, со којшто се предвидува поинтензивно воведување обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност, во склад со амбициозната цел, декарбонизација на енергетскиот сектор и климатски неутрален континент до 2050 година.