Жедна Македонија
Додека богатите земји дупчат за нафта, струмичани дупчат за вода – битка која не е само за земјоделските култури оваа сезона, туку и за земјоделската иднина на регионот.
Додека богатите земји дупчат за нафта, струмичани дупчат за вода – битка која не е само за земјоделските култури оваа сезона, туку и за земјоделската иднина на регионот.
Ова вообичаено е месец на зрелите корнишони и созреаните феферонки, но не и годинава. Плодната земја во струмичко Доброшинци, не успеа да ги израсне плодовите до пазар. Не е до марифетот, ниту пак до семето. Плодови речиси и да нема бидејќи Струмичко Поле остана жедно.