Скопската магла ги проголта ветувањата за еко-држава
Најголем дел од ветувањата од владината програма за заштита на животната средина се само желби и за следната година.
Најголем дел од ветувањата од владината програма за заштита на животната средина се само желби и за следната година.
Еден месец, две различни одлуки. Едната за спојување на двете концесии за рудникот „Иловица-Штука“, а другата за престанок на важењето на истата одлука. Македонската Влада, во стилот на „Доктор Џекил и господинот Хајд“ за кус период направи лупинг од 360 степени во постапката за овој случај. Првата контроверзна одлука за спојување на концесиите како информација не беше доставена до медиумите, но беше објавена во Службен весник и предизвика бурни реакции и протест во Струмица. Само што слегна прашината од неа, премиерот Димитар Ковачевски и неговиот тим направија чекор назад и ја повлекоа одлуката којашто самите ја донесоа.
Ниту Владата со одлуката на Управниот суд била задолжена да донесе одлука за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, ниту членот 61 од Законот за минерални суровини ја обврзува на такво нешто.
Спојувањето на концесиите за рудникот Иловица е еден од условите кои морало брзо да бидат исполнети за холандската фирма „НД Груп“, во сопственост на тетовецот Назиф Дестани да може да стекне уште поголем колач од сопственоста на канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс), која подолг период го турка проектот за отварање на рудник на бакар и злато во струмичко.
Владината одлука за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ во Струмичката котлина го „стресе“ кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.