fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
neosnovano krijat kolku nashi pari im se isplakjaat na malite hidrocentrali featured

Неосновано кријат колку наши пари им се исплаќаат на малите хидроцентрали

Раководството на операторот на пазарот на електрична енергија „МЕМО“ ДООЕЛ одбива да открие колку пари од сметките за струја на граѓаните им се исплатиле на сопствениците на мали хидроцентрали за гарантиран откуп на електрична енергија по повластени тарифи во периодот 2010-2019 година. Од „МЕМО“, фирма „ќерка“ на „МЕПСО“ тврдат дека не ги поседуваат податоците за овој период и додаваат дека дури и да располагаат со нив не би можеле да ги откријат поради одредба за доверливост. На наше барање Регулаторната комисија за енергетика јасно посочи дека „МЕМО“ неосновано крие податоци коишто мора да бидат достапни на јавноста.

Пинг-понг стратегија за да се избегне одговорност

Од 30 ноември 2020 година, па досега поднесовме дваесетина барања со прашања до повеќе институции, по што следуваа преписки, дополнувања на барања, писма, телефонски разговори… во однос на многу едноставно прашање – на кои десет фирми/сопственици на мали хидроцентрали надлежните институции (АД „МЕПСО“ и „МЕМО“ ДООЕЛ) им исплатиле најмногу пари во периодот 2010-2019 за откуп на струја по повластени тарифи?

Одговор сè уште нема, бидејќи институциите си ја префрлаат топката едни на други, а од друга страна, дури и кога ќе се појави малку надеж дека на повидок е одговорот поврзан со трошењето на парите на граѓаните, се појавува нов проблем – дека договорите со фирмите сопственици на мали хидроцентрали се доверливи. Барем така тврдат од „МЕМО“ ДООЕЛ, друштво кое се издвојува од АД „МЕПСО“ и се формира во 2019 година, а од Регулаторната комисија за енергетика ја добива лиценцата за организирање и управување со пазарот на електрична енергија.

[icon_timeline time_sep_bg_color=”#51c0a7″][icon_timeline_sep time_sep_title=”Лавиринт за јавно достапна информација” font_size=”desktop:24px;” seperator_line_ht=”desktop:34px;”][icon_timeline_item time_title=”30 ноември 2020 – поставено прашање до „МЕПСО“” heading_tag=”h5″]Во име на навремено и објективно информирање на јавноста, Ве молиме да ни одговорите на кои десет фирми/сопственици на мали хидроцентрали „МЕПСО“ им исплатил најмногу пари во периодот 2010-2019 за откуп на струја по повластени тарифи?[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”15 декември 2020 – одговор од МЕПСО” heading_tag=”h5″]Врз основа на вашето прашање Ве известуваме дека не сме во можност да доставиме финансиски податоци за исплати по основ на производство на повластени производители на електрична енергија од обновливи извори (поконкретно мали хидроцентрали) заради тоа што договорите содржат клаузула на доверливост која исклучува можност за објава на бараните податоци.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”24 декември 2020 – доставено барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до АД „МЕПСО“” heading_tag=”h5″]Доставено барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до АД „МЕПСО“, со истото прашање поставено на 30 ноември.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”25 декември 2020 – одговор од МЕПСО” heading_tag=”h5″]Како што е наведено во нашиот одговор доставен до Вас на 15.12.2020 г. и двата модел-договори кои се склучуваат со обновливите извори (тој што бил на сила од 5.6.2012 година до 18.10.2019 и тој што е на сила од 18.10.2020 наваму) содржат идентична клаузула за доверливост во врска со размена на податоци.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”29 декември 2020 – одговор од „МЕПСО“ на барањето за пристап до информации” heading_tag=”h5″]Известуваат дека тие не се иматели на информацијата и дека барањето, согласно Законот за слободен пристап, е препратено до имателот на информацијата – „МЕМО“ ДООЕЛ.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”18 јануари 2021 – одговор од „МЕМО“ ДООЕЛ на барањето за пристап до информации” heading_tag=”h5″]Известуваат дека тие сè уште се во процес на регистрација во Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, но дека дури и да се регистрирани, не се иматели на информацијата со оглед на тоа што се формирани во 2019 година, па оттаму, можат да обезбедат информации само за последните три месеци од 2019. За годините претходно, повторно нè упатуваат да се обратиме до АД „МЕПСО“.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”13 февруари 2021 – повторно поставени прашања до „МЕМО“ ДООЕЛ” heading_tag=”h5″]Од кои причини „МЕМО“ ДООЕЛ сè уште не е регистриран во Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер? Зошто вие не располагате со информации за тоа колку пари се слеале во компаниите за мали хидроцентрали, со оглед на тоа што сте надлежни за истото? Кој располага со архивите од оваа област, со оглед на тоа што АД „МЕПСО“ се изјаснија дека не располагаат со истите? Зошто во лиценцата на „МЕМО“ ДООЕЛ, стои дека се доверливи деловните податоци од склучените договори на учесниците на пазарот на електрична енергија, кога станува збор за државни средства?[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”15 февруари 2021 – одговор од Државната комисија за спречување на корупцијата” heading_tag=”h5″]Ве известуваме дека во однос на истото потребно е да се обратите до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Дополнително, сакаме да Ве известиме дека доколку има наоѓање на определени сомневања или наводи во тој случај ДКСК може да постапува.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”16 февруари 2021 – поставени прашања до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации” heading_tag=”h5″][/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”17 февруари 2021 – одговор од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации” heading_tag=”h5″]Утврдувањето на тоа дали една информација е од класифициран карактер се врши согласно точно утврдени критериуми содржани во членот 6 став 1, точка 3 од Законот за класифицирани информации, меѓу кои е и критериумот информацијата да се однесува на јавната безбедност, одбраната, надворешните работи или безбедносни или разузнавачки активности на државата. Со оглед дека наведените информации не го исполнуваат наведениот критериум, истите не се сметаат за класифицирани информации.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”18 февруари 2021 – одговор од „МЕМО“ на поставените прашања од 13 февруари” heading_tag=”h5″]Повторно тврдат дека се оформени во 2019 и дека ги немаат информациите, а понатаму упатуваат на Регулаторната комисија за енергетика која „ги пропишала одредбите за доверливост на договорите“.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”19 февруари 2021 – поднесена жалба до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер” heading_tag=”h5″]Бараме да се одреди кој е надлежен за информациите и да се утврди дали истите треба да бидат класифицирани – одговор сè уште нема.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”19 февруари – поставени прашања до Регулаторна комисија за енергетика” heading_tag=”h5″]Дали и зошто РКЕ ги пропишала одредбите за доверливост на договорите и која институција располага со истите?[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”24 февруари 2021 – одговор од Регулаторната комисија за енергетика” heading_tag=”h5″]Регулаторната комисија за енергетика се согласува со ставот на Дирекцијата за класифицирани информации дека според Законот за класифицирани информации, податоците што ги барате не спаѓаат во доверливи. Овие податоци ги има „МЕМО“ ДООЕЛ и треба да Ви ги достави.[/icon_timeline_item][icon_timeline_item time_title=”12 март 2021 – одговор од „МЕМО“ во однос на жалбата до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер” heading_tag=”h5″]Во дописот се вели дека компанијата ја отфрла жалбата и повторно го дава истиот одговор – дека е формирана во 2019 и дека не располага со документите.[/icon_timeline_item][/icon_timeline]

Истекува четвртиот месец откако ја побаравме листата на најплатени десет компании на оваа основа – според досегашните истражувања, станува збор за фирми на поранешни функционери, на лица блиски до власта, опозиционери и странци, кои се главни инвеститори во бизнисот со струја добиена од обновливи извори на енергија, а меѓу нив се и фирмите кои директно или индиректно се поврзуваат со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Нашето барање првично беше поставено со оглед на тоа што шест проценти од сите сметки што граѓаните ги плаќаат за струја се наменети за субвенционирање обновливи извори на енергија, што значи дека за прашањето постои јавен интерес. Од друга страна, хидроенергијата добиена од малите хидроцентрали произведува скромно количество електрична енергија, но сумите што легнуваат на фирмите што ја произведуваат се прилично високи. За 10 години, од 2010 до ноември 2020 се одлеале 91 милиони евра како  трошоци за произведена електрична енергија од повластените производители на електрична енергија, во случајов малите хидроелектрани.

За тоа како се распоредени овие 91 милиони евра, според компании, одговор засега е невозможно да се добие – не се знае кој располага со информациите (дали АД „МЕПСО“ или „МЕМО“ ДООЕЛ), па дури и да се знае, од „МЕМО“ ДООЕЛ се повикуваат на доверливост на информациите.

„Податоците не се тајни“Регулаторната комисија за енергетика и Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци се на иста линија

Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци, минатиот месец се изјасни во однос на прашањата што им ги испративме, а откако им ја испративме целата документација со која располагаме. Оттаму изјавија дека податоците што ги бараме, не спаѓаат во класифицирани информации.

„Утврдувањето на тоа дали една информација е од класифициран карактер се врши согласно точно утврдени критериуми содржани во членот 6 став 1, точка 3 од Законот за класифицирани информации, меѓу кои е и критериумот информацијата да се однесува на јавната безбедност, одбраната, надворешните работи или безбедносни или разузнавачки активности на државата. Со оглед дека наведените информации не го исполнуваат наведениот критериум, истите не се сметаат за класифицирани информации“.

Од Дирекцијата појаснија дека пред да се бара одговорност или санкции за имателите на информации, потребно е да се спроведе тест на штетност со кој ќе се утврди дали со објавувањето на таквата информација, последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. При спроведувањето на овој тест на штетност, се применуваат одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Ако со класифицираната информација се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконско дејствие, односно казниво дело, таквата информација нема да се смета за класифицирана.  Оттука, во случаи кога се работи за сомнеж за корпуција и судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежен орган за постапување по пријави од физички и правни лица“, изјавија од дирекцијата.

Од „МЕМО“, пак, на нашите прашања од кои причини во нивната лиценца стои дека се „доверливи деловните податоци од склучените договори на учесниците на пазарот на електрична енергија, кога станува збор за пари на граѓаните“, топката ја префрлија кон Регулаторната комисија за енергетика.

„Според Правилникот за лиценци, содржината на лиценцата ја утврдува РКЕ. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија согласно закон и подзаконски акти ги пропишала одредбите за обврската на носителот на лиценцата, кој е должен – да обезбеди и гарантира доверливост на деловните податоци од склучените договори на учесниците на пазарот на електрична енергија“, се вели во одговорот на „МЕМО“.

За ова, поднесена е жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која сè уште се нема произнесено.

Жалбата беше поднесена и од причини што во меѓувреме и Регулаторната комисија за енергетика се огласи во однос на нашите прашања со тврдење дека „се согласува со ставот на Дирекцијата за класифицирани информации дека според Законот за класифицирани информации, податоците што ги барате не спаѓаат во доверливи“.

„Овие податоци ги има „МЕМО“ ДООЕЛ и треба да Ви ги достави“, изјавија од РКЕ.

Од комисијата ја цитираат одредбата за доверливост во договорот за откуп на електрична енергија од повластен производител, но потенцираат дека во истиот се предвидува дека „договорните страни се согласни дека содржината на договорот  е достапна за сите заинтересирани трети лица“.

Ивановска: Ќе побараме одговори

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вели дека за случајот ќе се обратат до инспекторатот од Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци, за да се утврди зошто овие информации не се објавуваат.

„Значи системот си предвидел институционално кој треба да реагира. Најпрво ќе го прашаме и ќе му упатиме порака на инспекторатот. Ќе видиме, дали е човечки фактор во прашање или е институционален фактор. Јас сметам дека е човечки фактор во прашање“, вели Ивановска.

Директорот на „МЕМО“ ДООЕЛ, Симон Шутиноски, постојано, и преку дописи и во телефонските разговори убедува дека компанијата е формирана во 2019 година, и располага со податоци само за последните три месеци од 2019 година, па оттаму не може да одговори позитивно на нашите барања.

Од АД „МЕПСО“ пак, во однос на истото прашање, упатуваат до „МЕМО“ ДООЕЛ, со тврдење дека тоа е фактички фирма – наследник, единствена која располага со информациите.

Малиновски: Податоците мора да бидат јавно достапни

Драган Малиновски, адвокат и поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата вели дека мора да има транспаретност кога станува збор за исплата на јавни средства.

dragan malinovski 200x250 1

„Немам дилеми дека овие информации кои ги барате од АД „МЕПСО“, односно сега „МЕМО“ ДООЕЛ, по ниту еден основ не може да имаат карактер на класифицирани информации. На ова сосема коректно се произнела и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Сметам дека податоците и информациите кои ги барате мора да бидат јавно достапни, се со цел да се обезбеди транспарентност, и тоа како во поглед на содржината на склучените договори, така и по однос на ефектите од нивното исполнување. Ова од причина што станува збор за располагање со јавни средства, со транфер на високи парични износи, вели Малиновски.

Според него, очигледно е дека влезот во овој лавиринт е чудната одредба од лиценцата која на „МЕПСО“ ја издала Регулаторната комисија за енергетика, во која се вели дека „Националниот оператор е должен да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци од склучените договори на учесниците на пазарот на електрична енергија“.

„Ваквата формулација во никој случај не може да го суспендира Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, вели Малиновски.

Во меѓувреме, се очекува и одлуката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во однос на жалбата што ја поднесовме, во која што бараме да се утврди дали навистина се доверливи податоците во однос на тоа која фирма-сопственик на мали хидроцентрали колку пари добила за откуп на струја по повластени тарифи во последниве десет години и кој всушност располага со овие информации.

Во сиот овој институционален лавиринт, граѓаните се обесправени во однос на информацијата каде се слеваат точно дел од парите што тие преку сметките за струја ги плаќаат за субвенционирање обновливи извори на енергија.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Мери Јордановска

Повеќе на темата:

Милионери на наша сметка

Мали хидроцентрали, големи тајни

Сподели