fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
geodiverzitetot vo makedonija zasluzuva pogolemo vnimanie featured 1

Геодиверзитетот во Македонија заслужува поголемо внимание

Геодиверзитетот е насекаде околу нас. Сите делови на природата, вклучувајќи ги и минералите на Земјата, карпите, фосилите, почвите, седиментите, формите, топографијата, геолошките и морфогенетските процеси и хидролошките карактеристики како што се реките и езерата.

Голем број научници многу одамна се занимавале со проучување и заштита на биодиверзитетот, додека пак, проучувањата и заштитата на геодиверзитетот започнале во почетокот на 90-тите години на 20-тиот век. Значајно за почетоците за проучување на геодиверзитетот е првиот меѓународниот собир за геоконзервација кој бил одржан во Холандија во 1988 година. Во 1993 година, работната група од меѓународниот собир прераснува во ProGEO – меѓународно здружение за заштита на вредното геонаследство. Оваа организација е значајна за проучувањето за геодиверзитетот, а воедно оддава повеќе почит кон вредното геонаследство.

geodiverzitetot vo makedonija zasluzuva pogolemo vnimanie kuklica

Споменик на природата Куклица | Автор: Алексова Б.

Геодиверзитетот и геонаследството не биле во центарот на вниманието на политичката агенда на ООН како што е заштитата на биодиверзитетот или пак проблемите со климатските промени. Сепак, на ниво на IUCN (Меѓународна Унија за заштита на природата; International Union for Conservation of Nature) и УНЕСКО, во последниве години се повеќе се зборува за проблемите со загрозување на геодиверзитетот и геонаследството и потребата да им се обрне поголемо внимание. Терминот „геодиверзитет“ прв пат се користел во 1993 година како геолошки еквивалент на биодиверзитет. Како најприфатлива дефиниција која го опишува геодиверзитетот се смета на Murray Gray (2004) и таа гласи вака: „Геодиверзитетот може да се дефинира едноставно како природен опсег (разновидност) на геолошки (карпи, минерали, фосили), геоморфолошки (релјефни форма, физички процеси), хидролошки и педолошки карактеристики. Ги вклучува нивните склопови, врски, својства, толкувања и системи.”

geodiverzitetot vo makedonija zasluzuva pogolemo vnimanie vrelo

Пештерата Врело | Автор: Тодорова А.

Природните услови во Македонија (геолошкиот состав, релјефот, климата, хидрографијата, почвите, флората и фауната) овозможиле да се вброи како една од ретките земји во Европа со богатство на природните реткости. Во тој контекст, нашата држава може да се пофали со извонреден геодиверзитет на мал простор.

geodiverzitetot vo makedonija zasluzuva pogolemo vnimanie kukulje

Геолокалитет Кукуље |
Автор: Тодорова А.

Во периодот од 14.05.2021 до 31. 05.2021 година преку социјалните медиуми беше спроведено истражување базирано преку анкетен лист. Беа анкетирани 119 испитаници по случаен избор и се поделени на две старосни групи (I група од 18 до 29 години, со вкупен број од 54 испитаници или 45.4% и II група од 30 до 64 години, со вкупен број од 65 испитаници или 54.6%). Анкетирањето беше спроведено за да се добијат конкретни податоци за познавањето на геодиверзитетот општо, а и каква е состојбата во Северна Македонија. Според испитаниците од I-та старосна група, околу 31 или 57.4 % имаат основно познавање за терминот геодиверзитет, додека пак испитаниците од II-та старосна група имаат околу 63 % или 41 одговориле со соодветен опис. Како најчесто употребена дефиниција за терминот геодиверзитет е користен описот природно наследство. Од вкупниот број на испитаници, најголем дел од нив, или околу  91.5 % сметаат дека Македонија располага со голем потенцијал на геодиверзитет, но тука се поставуваат прашањата дали тој потенцијал е искористен за негова промоција и дали е заштитен? Кои се следните чекори што треба да се преземат? Со поголемата афирмација на сите геолокалитети во Македонија ќе се увиди со каков геодиверзитет располага самата држава, состојбата на нивната заштита и степенот на нивната туристичка промоција.

Авторки: м-р Анита Тодорова и Бојана Алексова


anita todorova 200x300 1м-р Анита Тодорова – докторанд по географски науки со посебен интерес кон геонаследството, асистент на Иститутот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Биографија: ПМФ

bojana aleksova 200x300 1Бојана Алексова – магистрант по географија, млад истражувач со посебен интерес кон геонауките, демонстратор на Институтот за географија при ПМФ & Претседател на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“.
Биографија: ПМФ | ResearchGate | Linkedin