Хидробиолошкиот завод во Охрид цела деценија работи на суво

3 мај 2019

Државата цела деценија не издвоила пари за истражувачки проекти на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Државата цела деценија не издвоила пари за истражувачки проекти на Хидробиолошкиот завод во Охрид. На само 13 доктори биолози и двајца асистенти им е оставено да го проучуваат водниот и растителниот свет во сите езера во земјава, но и да алармираат за болести и нарушувања на флората и фауната кои незизбежно се случуваат во налетот на климатските промени и загадувањето на животната средина. Финансирањето на истражувањата најчесто е од странски донации.

Оваа содржина ја изработи Инсититутот за комуникациски студии.

Новинарка: Соња Петрушевски
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Костадин Анастасов

    Поврзани приказни