Острово – заборавеното богатство на Скопје

5 август 2022

Локалитетот Острово е остаток од поранешното острово кое по природен пат го формирала реката Вардар која на овој простор се одвојувала на две теченија и го заобиколувала островото.

  • ostrovo zaboravenoto bogatstvo na skopje 1
    На само 9 километри од центарот на Скопје и на 800 метри од преминот преку пругата на излезот од населбата Маџари, помеѓу патот што води кон селото Трубарево и реката Вардар, се наоѓа заштитеното подрачје Острово, кое според Законот за заштита на природата е прогласено за споменик на природата. Подрачјето, кое се простира на површина од околу 30 хектари, е интегрална целина од три локалитети, Езерце, Арборетум и Острово, кои заради својата биолошка и пределна специфика и разновидност, секој на свој начин, претставуваат вреден реликт на природното наследство на Македонија. Во периодот на терциерот, пред повеќе милиони години, на овој простор се наоѓало некогашното скопско неогено езеро. Со повлекување на водата и исушување на површината, просторот постепено бил освојуван од сувоземни флорни и фаунистички видови.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни