Кањонот на река Градешка – најпознатиот заборавен природен филмски сет

26 декември 2022

Градешка река извира од високите предели на планината Козјак, која лежи онаму каде што се спојуваат Кожуф и Ниџе и всушност претставува еден вид северно отклонување на огромниот масив што го сочинуваат овие две наши најјужни планини.

  • Еден од највпечатливите сегменти на македонското геолошко наследство претставува кањонот на Градешка река, кој се наоѓа речиси на самиот југ од Македонија, во битолскиот дел на Мариово. Подрачјето во и околу кањонот изобилува со прекрасни пејсажи и несекојдневни микролокалитети кои фасцинираат со својата амбиентална убавина. Гледано од научен аспект, секоја карпа, секоја геоморфолошка форма, како и целиот предел околу кањонот претставуваат важен ресурс кој помага да се разбере долгото геолошко минато на подрачјето.
    Еден од највпечатливите сегменти на македонското геолошко наследство претставува кањонот на Градешка река, кој се наоѓа речиси на самиот југ од Македонија, во битолскиот дел на Мариово. Подрачјето во и околу кањонот изобилува со прекрасни пејсажи и несекојдневни микролокалитети кои фасцинираат со својата амбиентална убавина. Гледано од научен аспект, секоја карпа, секоја геоморфолошка форма, како и целиот предел околу кањонот претставуваат важен ресурс кој помага да се разбере долгото геолошко минато на подрачјето.

Текст и фотографија: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни