Седумте охридски платани

28 септември 2022

Кај нас, во Турција, па и подалеку на исток, ова дрво е познато и како чинар.

  • sedumte ohridski plantani 1
    Платанот (Platanus orientalis) е вид дрво чиј природен ареал се протега од Балканскиот полуостров на запад до Иран на исток. Тоа се долговечни дрва кои неретко достигнуваат повеќевековна старост. Карактеристични се заради својот впечатлив изглед - растат преку 30 метри во височина, имаат широка крошна и прават голема и убава сенка. Заради овие свои карактеристики, во минатото било вообичаено платаните да се садат на места каде што има голема фрекфенција на луѓе, или пак местата каде што растеле платаните природно се претворале во собиралиште за народот. Припаѓаат на родот Platanus, кој брои околу десетина видови, распространети ширум северната земјина полутопка. Родот Platanus, всушност, е наречен токму по видот Platanus оrientalis, а името платан е во употреба уште од античко време и потекнува од грчкиот збор „platus”, што значи широко, и се однесува на карактеристичните широки листови. Денес овој термин се употребува во најголемиот дел од западна Европа. Кај нас, во Турција, па и подалеку на исток, ова дрво е познато и како чинар.

Текст и фотографија: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни