Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водата
Преспанското Езеро, кое го делат Македонија, Грција и Албанија, е во континуирана криза. Во текот на шест децении, нивото на водата во него значително се намали, губејќи волумени еднакви на 11 езера како Дојранското. Овој пад, поттикнат пред сè од климатските промени, сушите и немањето доволно снежни врнежи, од прекумерната употреба на вода во земјоделството и инфраструктурната неефикасност, претставува сериозна закана за регионот.
Насадите со јаболка во Преспа, од кои живее овој регион, користат огромни количества вода. Пресметките се дека на на еден хектар јаболка се потребни 3.600 литри вода. Во меѓувреме, повеќе од 50% од водата за пиење се губи поради застарени комунални системи. Локалните експерти ја нагласуваат потребата од координирана акција во сите три земји за решавање на овие прашања.
Сепак, локалците не губат надеж дека овој регион ќе се спаси. Светла точка гледаат во проектот на ЕУ, за спас на Преспа со чија помош ќе се потрошат 14 милиони евра, што ќе го имплементираат од Програмата за развој на ОН, УНДП.
Планираните инвестиции се за заштита на животната средина, намалена употреба на водата од езерото и работа на квалитетот на водата што останува. Свесни се дека без итни, обединети напори, иднината на Преспанското Езеро останува неизвесна, загрозувајќи го и екосистемот и егзистенцијата зависни од него.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Сниматели: Иван Поповиќ и Љубомир Домазетов
Монтажер: Мајда Бошњак Атанасовска
Поврзани стории