Тешка зима: Ќе имаме ли доволна храна оваа зима?
Светот го живее најголемиот парадокс, брои зголемен број на гладни во годината во која се бележи најголемото производство на храна. Колку и каква храна ќе јаде Македонија во време кога воениот конфликт на Европско тло ги ограничи количините и екстремно ги зголеми цените на стратешките продукти? Земјава е нето-увозник на повеќе производи. Дали и кој ќе ни го даде тоа што ни недостига за да бидеме сити? Можат ли празни села да ја реализираат стратегијата на властите за домашно производство и што поголема независност?
- 2021 година се памети по рекордното производство на храна во светот. Само неколку месеци од 2022, планетата стравува од глад и недостиг од храна поради лоша дистрибуција.
- Потребите за пченица на Македонија се околу 300 до 330 илјади тони на годишно ниво. Според приносот, годинава ни недостасуваат околу 100 илјади тони.
- Македонија е нето-увозник на одредени стратешки производи и храна и во Југославија и после независноста. Државата се насочува кон домашно производство но проблем се иселените села.
- Цените на храната на глобално ниво ќе растат најмалку до 2024. Најголема добивка имаат големите играчи како нафтените и енергетските компании.
- Високите цени ќе ја оддалечат квалитетната храна, брзата храна ќе биде многу подостапна, а со тоа ќе расте бројот на дијабетичари, гојазни и луѓе со кардио васкуларни проблеми.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски