Тешка зима: Ќе имаме ли доволна храна оваа зима?

4 ноември 2022

Светот го живее најголемиот парадокс, брои зголемен број на гладни во годината во која се бележи најголемото производство на храна.

Светот го живее најголемиот парадокс, брои зголемен број на гладни во годината во која се бележи најголемото производство на храна. Колку и каква храна ќе јаде Македонија во време кога воениот конфликт на Европско тло ги ограничи количините и екстремно ги зголеми цените на стратешките продукти? Земјава е нето-увозник на повеќе производи. Дали и кој ќе ни го даде тоа што ни недостига за да бидеме сити? Можат ли празни села да ја реализираат стратегијата на властите за домашно производство и што поголема независност?

  • 2021 година се памети по рекордното производство на храна во светот. Само неколку месеци од 2022, планетата стравува од глад и недостиг од храна поради лоша дистрибуција.
  • Потребите за пченица на Македонија се околу 300 до 330 илјади тони на годишно ниво. Според приносот, годинава ни недостасуваат околу 100 илјади тони.
  • Македонија е нето-увозник на одредени стратешки производи и храна и во Југославија и после независноста. Државата се насочува кон домашно производство но проблем се иселените села.
  • Цените на храната на глобално ниво ќе растат најмалку до 2024. Најголема добивка имаат големите играчи како нафтените и енергетските компании.
  • Високите цени ќе ја оддалечат квалитетната храна, брзата храна ќе биде многу подостапна, а со тоа ќе расте бројот на дијабетичари, гојазни и луѓе со кардио васкуларни проблеми.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски

    Поврзани приказни