ЕurBee 9 – Да ги спасиме пчелите, за подобра иднина
Како што вредните пчели и вредните мравки се движат кон својата кошница и мравјалник, така и луѓето доаѓаа во голем број за да учествуваат на Конгресот по апидологија „EurBee“ кој се одржа на крајот од летото 2022 година. Овој Конгрес беше организиран во рамките на годишните настани на Европската асоцијација за истражување на пчелите. Да ги спасиме пчелите, за подобра иднина – под ова мото се одржа конгресот во организација Овогодинешниот домаќин, Универзитетот во Белград и Катедрата за биологија.
Овој Конгрес се одржа во време на проблеми не само за нас луѓето, за нашата економија, здравствената состојба и настаните во светот, туку и за биолошката разновидност а особено за пчелите. Во текот на овие години западната медоносна пчела се соочува со проблеми како што се паразити, патогени, земјоделски пестициди, неухранетост, лоши пчеларски практики и климатски промени.
На овој Конгрес, како и на секој друг, имаше повеќе важни заклучоци и пораки што е потребно да се споделат како заклучоци од сите дискусии. Како што потемелно ја осознаваме природната историја на пчелите, увидуваме дека сè уште има многу работи кои не ги знаеме во однос на нивниот длабок и комплексен живот. Сè уште ги осознаваме сите начини на кои ние влијаеме врз нив, како и нивните потреби, и полека сфаќаме дека ќе поминат уште многу години и многу генерации пред да бидеме во можност целосно да ја разбереме нивната екологија. Во меѓувреме, пак, треба да насочиме многу ресурси, финансии, волја и време на истражување и заштита на овој прекрасен дел од екосистемот на нашата планета.
Дома со Институтот за комуникациски студии беа официјални медиумски покровители на Конгресот.