Македонскиот биодиверзитет се потпира на странски донации
Македонија има богат биодиверзитет ама за заштита и за истражувања за потпира на странски донации, невладини организации и индивидуалци. Недостигаат финансиски средства. Потребно е зајакнување на капацитетите на институциите, но и ново стручно тело „Завод за заштита на природата“. Тоа од нас го бара и европската унија. Сега, секторот за природа во управата за животна средина брои 12 вработени, а е одговорен за речиси сите активности за заштита на природата!