Нови ски-центри може да ги уништат Јабланица, Јакупица и Бушова планина
Нова сезона идеи за изградба на ски-центри. Актуелните власти побарале од Италијански експерт да мапира планини за идеална позиција за привлекување на инвеститори за ски центри. Изборот паднал на Јабланица, Јакупица и Бушова планина, есапот е околу 800 милиони евра. Идејата за изградба на хотели, куќи, стази и ски лифтови е претставена во пред физибилити студија, а за првиот човек на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот изгеда како одлична можност за развој на домашниот туризам. Во оваа фаза не консултирале домашни експерти ниту институции, кои во своите истражувања прогнозираат дека во следните години поради климатските промени температурите ќе растат а врнежите ќе се намалуваат.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Катерина Топалова
Сниматели: Иван Поповиќ, Влатко Џикоски
Монтажа: Ристо Душковски