Птичји грип: Опасност што демне
Во Македонија годинава се регистрирани два случаи на птичји грип. Едниот го вклучи алармот и во скопската Зоолошка градина. Оттаму апелираат граѓаните да не им носат повредени птици. Болеста, која може да се пренесе и на човекот се појавува и кај домашни и кај диви птици и претставува вистинска закана за живинарската индустрија, зашто може да резултира со истребување на целото одгледувалиште. АХВ спроведува и активни надзори преку земање мостри и пасивни по пријава на граѓани. Орнитолози смируваат – олеснителна околност за земјава е што не е централна миграциска рута за многу птици.