fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
repriza na ekoloshkite problemi vo 2022

Реприза на еколошките проблеми во 2022: година на неостварени проекти

Последните денови од 2022 година покажаа дека во Македонија се репризираат проблемите во животната средина кои се провлекуваат веќе со децении, како и дека наместо конкретни решенија надлежните продолжуваат со превземање паушални мерки колку да се замачкаат очите на јавноста и да се покаже дека нешто се работи. Имено, енормното загадување на воздухот се врати во Скопје и останатите македонски градови и покрај заклучоците на поранешната администрација во главниот град дека мерките што се преземаа согласно плановите за чист воздух дале резултати. Овој декември покажа дека помалото загадување на воздухот во зимските месеци во 2021 година е резултат на поволните временски прилики и ветровитото време во тој период. Сега, повторно како решение се нуди бесплатен јавен превоз на ден или два, иако тоа очигледно не ги одвраќа граѓаните од користење на автомобилите и не придонесува премногу кон намалување на загадувањето.

Проблемот со загадувањето на воздухот  е всушност само еден од многуте еколошки проблеми што останаа нерешени во текот на 2022 година. И покрај ветувањата изостана напредок во однос на управувањето со отпад и подобрување на квалитетот на водите, стојат проблемите во однос на подобрата заштита на Матка и Водно, се гради на диво во национални паркови, нема подобрување во заштита на биодиверзитетот, сè уште се реализираат  проблематични детални урбанистички планови.

troski od budzetot za aerozagaduvanjeto slide

Во 2022 годинa не успеавме да се избориме за почист воздух

Рака на срце, на хартија има мало подобрување на состојбите во однос на усогласување на домашното законодавство за животната средина и климатските промени со европската регулатива. Годинава беше усвоен нов Закон за инспекциски надзор во животна средина, во новиот Кривичен законик одредени дела во животна средина се најдоа на листата на казнени дела, беше воведен и екоцидот како посебна категорија, а имаше и одредени промени на Законот за животна со кои се дефинираат контаминираните подрачја. Сепак, попусто се носат новите регулативи, кога Државниот инспекторат за животна средина кубури со кадар, а административните капацитети на останатите надлежни институции кои би требало редовно да ја спроведуваат регулативата се слаби.

Меѓу ретките позитивни моменти од областа на екологијата во 2022 година, кои заслужуваат внимание се чистењето и транспортирањето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис, што треба да продолжи и годинава и зголемувањето на територијата на заштитени подрачја во државата. Тука вредна да се спомене е одлуката на Владата да не дозволи реализација на проектите за изградба на мали хидроцентрали во НП Шар Планина, со што конечно после долги години се става рампа за уништувањето на природата од нови мали хидроцентрали.

За жал, во Македонија листата на нерешени еколошки проблеми е многу подолга од онаа со позитивни примери за успешна заштита на животната средина. Извесно е дека слична состојба ќе имаме и во 2023 година, со оглед на тоа што Владата во буџетот за идната година ја стави заштитата на животната средина на последно место одвојувајќи само 0,7 проценти од вкупните буџетски расходи за оваа намена.

prirodnoto bogatstvo na selo zirovnica tairovska reka 12154d67b7 b34 a612 8bd7 83d7b8cd49

Македонските планински реки се безбедни, барем засега

Што требаше, а не се случи оваа година?

Македонија е земја со огромно природно богатство со регионално и светско значење. Ова со себе носи и огромна одговорност за тоа како треба се грижиме и управуваме со него. Заштитата на животната средина е континуиран процес во кој е многу важно да се запазуваат потребните и предвидени чекори во временска рамка која нема негативно да влијае врз природата. За жал, оваа година поради недостаток на финансии, политичка воља и погрешно поставени приоритети, многу проекти, задачи и цели беа заборавени, прескокнати или незапочнати.

Заштита на геолошкото наследство

Во време кога низ светот се повеќе расте интересот кон заштита на геолошкото наследство и се зголемува мрежата на гео паркови, Македонија се уште каска дури во процесите на истражување, евидентирање и мапирање на геолошките вредности. Според плановите на ресорните државни институции до крајот на 2022 година треба да бидат завршени неколку важни процеси како: изработка на карта за гео објекти и

локалитети со значајни природни вредности и карта за ретки видови минерали, карпи, фосили. Оваа година требеше да се презентираат и резултатите од студијата за потенцијалот за искористување на термална и петротермална енергија – нешто што оваа зима соочени со енергетска криза се покажа како исклучително важно.

Грижа за природата и биолошката разновидност

Во Националната стратегијата за заштита на животната средина 2017-2027, оваа 2022 година беше означена како исклучително важна , па така Националната цел 3 гласи: До 2022 година да се вгради политиката за заштита на природата во стратегиите, плановите и програмите во другите сектори. За жал, не можеме да кажеме дека на крајот од оваа година сме близу до таа цел, ниту дека постои значаен притисок од државата да се постигнат очекуваните или ветените чекори. Сите успеси оваа година, во најголемиот дел повторно доаѓаат поради амбициите, желбите и страста на индивидуалци, невладини организации, истражувачки друштва и иницијативи – подржани и помогнати од странски донации.

Заштита од климатските промени

Македонија поради својата географска положба и климатскиот појас во кој се наоѓа е директно изложена врз последиците од климатските промени и дел од нив како сериозните временски непогоди и сушите само дополнително ја загрозуваат природата. Затоа, градење на систем кој ќе ја заштити природата и населението мора и треба да е приоритет. Унапредување на управувањето со системот на заштитени подрачја со ублажување на негативните влијанија од климатските промени беше задача што требаше да биде завршена оваа 2022 година. Повторно за жал, ќе треба да почекаме можеби идната година да се свестиме за важноста на овој сектор

Времето истекува

Македонија на патот кон Европската Унија и нејзиниот развој во една модерна, европска и демократска држава е соочена со многу проблеми, пречки и дилеми. Но, за разлика од другите дипломатско-правни проблеми кои може да се влечат, одложуваат, дебатираат и преработуваат – овие еколошките не ја даваат таа можност. Само една неразумна одлука, само еден потег и чекор може да доведе до непоправливи последици на животната средина. Како ја трошиме оваа трета декада од 21-иот век – мора да ни е кристално јасно, дека нема поважен сектор од заштитата на животната средина. Овој сектор ги обработува најважните аспекти – условите за живот.

 

Содржината е изработена од Институтот за комуникациски студии.