Ридот „Градот“
Свлечиштата се природна катастрофа од која постои ризик на повеќе ридско – планински делови на Македонија. Запомнета е трагедијата од свлекувањето на ридот Градот, близу Кавадарци во 1952 година. Меѓу жртвите бил и првоборецот Ѓошо Бојаџиев, ветаран на двете светски војни и еден од основачите на Комунистичката партија. Бојното поле не го зело неговиот живот, но, свлекувањето на Градот го довел до трагичниот крај.
Неговиот син, Боро Бојаџиев, сведочи за настанот. Тогаш Македонија немала услови преку науката да ги намали штетите од природните катастрофи. Но, денес, можеме да го примениме знаењето и технологијата во спречување на катастрофалните настани.
Камера: Иван Поповиќ
Монтажа: Борче Крстевски