Во Скопје погледнете нагоре и надолу за да видите див свет
За разлика од постојаниот притисок за поголема урбанизација и средени симетрични простори кои му годат на човечкото око, на живиот свет му одговараат повеќе места кои на луѓето им личат на запуштени. Но и ваквиот град сепак претставува некаков екосистем во кој покрај луѓето и растенијата живеат и животни и птици. За тоа какви очи нѐ набљудуваат од пукнатините на објектите, крошните на дрвјата, покривите на високите згради и како треба да се однесуваме кон овие суштества разговаравме со орнитологот Данка Узунова и со нејзиниот колега Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво.
Узунова нѐ советува кога чекориме по градот да го подигнеме погледот нагоре за да можеме да ги забележиме дел од стотината видови на птици кои живеат или минуваат преку Скопје.
Узунова: Стотината видови птици живеат или минуваат преку Скопје
Драган Арсовски пак во најголем дел е посветен на проучувањето на влекачите и водоземците на островот Голем Град во Преспа, а во Скопје во паркот Гази Баба нашол урбан пандан на островот.
Арсовски: Во паркот Гази Баба има урбан пандан на островот Голем Град
Целиот поткаст„Каков див свет има во Скопје“ може да го слушнете тука.