Ќе загубиме ретки гости доколку не ги заштитиме

9 март 2022

Главна цел на таканаречениот зимски цензус е да се увиди дали има разлики во бројноста на птиците низ годините и следствено на тоа да се утврди дали има уништување на нивните живеалишта.

Волонтери и вработени во Македонското еколошко друштво (МЕД) на почетокот на годинава го спроведоа зимското пребројување на водните птици. Главна цел на таканаречениот зимски цензус е да се увиди дали има разлики во бројноста на птиците низ годините и следствено на тоа да се утврди дали има уништување на нивните живеалишта. Данка Узунова од МЕД открива детали од оваа благородна активност, но и загрижувачки трендови коишто треба да го вклучат алармот за заштита на птиците.

  • ke zagubime retki gosti dokolku ne gi zastitime 1
    Зимското пребројување се фокусира на птиците кои презимуваат на одредени водни тела и влажни живеалишта. Годинава се изброени 36.900 единки од 34 видови водни птици, Пребројувањето вообичааено се врши на 11 локалитети: Преспанско, Охридско, Дојранско езеро, акумулација Мантово, акумулација Паљурци, Велешко езеро, влажни ливади Ѓол, кеј на Вардар во Скопје, Вардарски рид, Стајковско и Смилковско езеро.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија: Тони Стојановски

    Поврзани приказни