fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
Климатски миграции: Сушата ја гасне Тиквешијата

Климатски миграции: Сушата ја гасне Тиквешијата

Сушата е постојана закана која ги одзема ресурсите и го остава Тиквешијата без надеж за иднината. Старата поговорка вели: Воздух, сонце и вода – основа за живот. Без вода, ниту растението, ниту човекот може да функционира.

Во 2021 година, природата ја покажа својата суровост со катастрофална суша која ги уништи земјоделските култури. Годинава ситуацијата е повторно слична. Земјоделците со очај гледаат како нивното грозје изнемоштува, иако користат системи за наводнување капка по капка, бидејќи вода едноставно нема. Каналите за вода се неисчистени уште од 2017 година, што дополнително го влошува проблемот. Тиквешкото Езеро, кое би можело да биде решение, останува недостапно за земјоделците поради недостаток на персонал и нефункционални пумпи кои не можат да го снабдат целото поле.

„Ова ми е куќата и душата“.

За жал, пумпите што порано обезбедуваа вода сега се суви. Викендиците, исто така, зависат од езерото кое сè почесто е со низок водостој. Особено во зимските месеци, нивото значително паѓа бидејќи хидроцентралата „Тиквеш“ произведува струја, користејќи ја водата од резервите. Ангел Луле Крстев, кој веќе 40 години живее во оваа област, вели:

„Да има секогаш вода! И уште повеќе! Да има и за наводнување и за струја“.

klimatski migracii susata ja gasne tikvesijata 1Тоа е желбата на сите жители. Но, климатските промени стануваат сè поизразени. Температурите растат, а секое лето е потопло за два степени од претходното. Секојдневието на жителите станува сè понеизвесно.

Моменталната состојба на Тиквешкото Езеро е лоша. Иако надеж влеваат прогнозите за врнежи во следниот период, сепак, нивото е спуштено до минимална кота од 239 метри. Дождовите се од најголемо значење, оти само така се зголемува количината на водата од Црна Река – главниот извор за езерото. Но, дури и тогаш, протокот на вода ретко достигнува повеќе од 30-35 кубни метри во секунда, а во летните месеци паѓа дури на 1-3 кубни метри. Овие бројки ја загрозуваат иднината на земјоделието во регионот.

„Се молевме на Господ да заврне, ама и Господ не се смилува. Ако ситуацијата не се подобри, многумина ќе бидат принудени да ги напуштат своите лозја. „Ако не бива, ќе оставиме сè!“, вели лозарот Дане Јовев.

Водата е живот, а во Тиквешкиот регион животот е на работ. Време е за итни мерки, пред штетите да станат непоправливи.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Сниматели: Иван Поповиќ и Љубомир Домазетов
Монтажер: Мајда Бошњак Атанасовска

Поврзани стории

Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водата

Климатски миграции: Струмичко поле остана жедно