Како компензација за трасата на гасоводот на Водно, Градот Скопје добива средства за ревитализација на просторот кадешто ќе поминува гасоводот, по еден милион евра за пошумување на Скопска Црна Гора и за градското зеленило и зелени коридори на реките Лепенец и Серава. Во интервјуто за СамоПрашај.мк, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најавува дека Водно и Матка ќе добијат законска заштита, ќе бидат засадени нови 8 илјади дрвја и ќе биде направен зелен покрив на ГТЦ.
Интервјуто беше направено за документарецот „Урбано зеленило: Фактор за квалитетен живот“, кој го изработи Институтот за комуникациски студии. Гледајте го документарецот на https://samoprasaj.mk/doma/ekosistem/65-2018-09-27-13-45-08.