Кога нема работници, роботи ќе работат на нивите
Светот до 2050 година ќе треба да произведува уште дополнителни 50 отсто храна за да се нахрани човештвото. И тоа во услови на климатски промени и намалени ресурси. Дигитализацијата и роботизацијата во земјоделството се сметаат за нова земјоделска револуција која е на прагот и како алатки кои може да помогнат во ублажување на ефектите од промените и влијанието врз животната средина. Новите концепти полека продираат и во Македонија, па за тоа дали на нашите ниви можеме наскоро да видиме роботи кои би го надоместиле недостатокот од работници, разговаравме со директорот на Земјоделски институт, Виктор Ѓамовски, со основачот и сопственик на фирмата за дигитално земјолделство АгФутура, Благоја Муканов и со претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.
Ѓамовски вели дека дигитализацијата првенствено подразбира прибирање на информации за да му озвозможат на земјоделецот да донесе одлука заснована на факти што може да биде од помош особено во вакви услови на тенчење на ресурсите и клима која се менува.
Ѓамовски: Дигитализација во земјоделството
Благој Муканов ни опиша што конкретно на терен значи дигитализација на една фарма, а за него тоа е и начин како барем во дел да се надомести сериозниот недостиг на физички работници при бербите, но и на стручњаци како агрономи, фитопатолози, сточари.
Муканов: Нема работници
А каков е земјоделскиот поглед на оваа работа ни опиша земјоделката од Тиквешкиот регион која истовремено Васка Мојсовска. Таа е порезервирана посочувајќи кон конкретни проблеми во земјоделството за кои смета дека се пречка за негова забрзана модернизација.
Мојсовска: Пречки за модернизација
Целиот поткаст под наслов „ Дали роботска рака може да одгледа вкусен јабучар“ може да го слушнете тука.