Кратовски борови и Кривогаштански даб – шест и пол векови старо природно наследство

26 февруари 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со своите надлежности е главна институција задолжена да планира и да спроведува активности во правец на заштита на природното наследство на Македонија.

Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со своите надлежности е главна институција задолжена да планира и да спроведува активности во правец на заштита на природното наследство на Македонија. Во таа насока, во изминатиот период Министерството спроведе активности за валоризација и ревалоризација на 12 поединечни стебла кои со својата старост, амбиентална впечатливост како и изразен изглед претставуваат вредно природно, но истовремено и важно културно-историско наследство на Македонија. Тоа се стебла кои многу векови опстојуваат на овие наши простори и кои одолеале на сите природни предизвици, како и на сите метеоролошки и други непогоди.

Во услови на скромен и во континуитет намалуван буџет на ова министерство, секоја вест за ваква новопокрената постапка е навистина раритетна.

Редакцијата на ДОМА, во второто продолжение од својот сериал репортажи за овие значајни претставници на македонската дендрофлора, ќе се обиде да претстави некои од најважните карактеристики на два исклучително вредни примероци на црн бор во Кратово, како и на еден блатен даб во прилепското село Кривогаштани.

  • kratovski borovi i krivogastanski dab sest i pol vekovi staro prirodno nasledstvo 1
    За Кратово се вели дека е град-музеј. Тоа е град кој плени со својот амбиент и со својата уникатна архитектура. Кратово е еден од најстарите градови во Македонија, кој датира уште од римско време, а во него, како ретко каде, на еден многу мал простор е концентрирано големо културно – историско наследство. Кратово е град на кули, мостови, подземни тунели, римски рудници, стари цркви и манастири, прекрасна стара чаршија и преубави стари зданија.

 

Содржината е изработена од Институтот за комуникациски студии.

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни