fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
hranata od insekti e idninata i kaj nas featured

Храната од инсекти е иднината и кај нас

  • Членот 55 од Законот за безбедност на храна, се однесува на храна произведена со иновирани технологии, меѓу кои и новл храната, каде главни состојки се инсекти.
  • На ниво на Унијата се дозволени седум инсекти, а кај нас, сѐ уште на пазарот можете да најдете состојки во храната само од четири.
  • За нивната безбедност претходно е направено научно истражување од страна на Европската агенција за безбедност на храна.
  • За секој од овие инсекти се утврдени условите на употреба, максимално дозволено ниво, задолжително означување, како и спецификации за состав и чистота на храната.

Добрата храна е задоволство и секогаш се поврзува со уживање. Од што е составена вашата трпеза? Сте помислиле ли можеби дека вашите омилени колачи се направени на пример, од инсекти? Или можеби сте купиле брашно од инсекти?

На 15 мај 1997 година, Европската Унија за првпат регулира храна произведена со новел технологии или таканаречена новел храна. Тоа е всушност храна чии главни состојки се инсекти. Како земја кандидатка за членство, многу брзо и Македонија го прилагодува законодавството, па членот 55 од Законот за безбедност на храна, се однесува на храна произведена со иновирани технологии, од домашно производство или од увоз. На ниво на Унијата се дозволени седум инсекти, а кај нас, сѐ уште на пазарот можете да најдете состојки во храната само од четири.

hranata od insekti e idninata i kaj nas 1

Како земја кандидатка Македонија ја озакони храната произведена од инскети

Така, во составот на вашата храна, можете да најдете ларви од инсектот жолт брашнар, скакулец, домашен штурец и ларви од тврдокрилец, сите во замрзната, сушена или форма на прашок, односно брашно.

За сите овие категории претходно е направено научно истражување со проценка за нивната безбедност од страна на Европската агенција за безбедност на храна.

„Онаа храна којашто претходно мора да добие одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, односно оваа проблематика кај нас е регулирана со два правилника, и тоа Правилникот за посебни барања за безбедност на храна произведена со иновирани технологии и правилник за начин и постапка за издавање одобрение за храна произведена со иновирани технологии. Тоа се нови правилници, едниот е донесен 2020, другиот 2021, односно тука сите оние измени кои што се случуваат во европската легислатива ги следиме и ги применуваме кај нас и доколку некој оператор сака да стави во промет на пазарот брашно од инсекти, мора претходно да добие одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство за ставање во промет на состојка од категоријата „храна произведена со новел технологии“, вели Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

hranata od insekti e idninata i kaj nas 2

Четири инсекти се дозволени како храна кај нас

За секој од овие инсекти, како поткатегорија на новел храна на листата, се утврдени условите на употреба на овој производ, максимално дозволено ниво, задолжително означување, како и спецификации за состав и чистота на храната.

Професорката Станислава Лазаревска од Факултетот за земјоделски науки и храна на своето биро ги има најновите колачи и протеински чоколади произведени од голем брашнар. Нејзин колега ѝ ги донел од саем од Италија. Не се сомнева дека се многу вкусни.

stanislava lazarevska 300x300 1

Јас секогаш велам, не знам што е разликата да изедете кокошка или скакулец? Нели, визуелно кога ги гледате, затоа што сме научиле да јадеме кокошки, и тие се живи организми, со очи, подвижни, со свои навики… така и инсектите. Морам да кажам дека е предрасуда, иако сите не сме пробале инсекти, меѓутоа во цивилизација на човекот различни стари народи јаделе инсекти. Старите Вавилонци, Асирци, Мексиканци, Ацтеки, сите тие во својата исхрана од минатото до ден денес јадат инсекти. На пример, во Тајланд ако појдете имате на пазар, на улица, можете да видите испржени скакулци, се јадат, прво затоа што не се така не чисти како што луѓето мислат, голем дел се хранат со растителна храна, а нивниот состав е да кажеме околу 20-30% протеин, зависи од видот, шеќери и маснотии. Значи се одлична храна за голем број живи организми. Тие се дел од ланецот на исхрана“, објаснува Лазаревска.

Но, кај нас, храната произведена од инсекти сѐ уште не е во масовна употреба. Најчесто ја користат одреден тип на луѓе.

„Луѓе кои што имаат потреба, луѓе кои што, ете, се занимаваат со одредени активности, спортски или кои имаат потреба од одреден вид на диетална или пропишана исхрана. Тоа се тие посебни категории на луѓе кои што најчесто можат да ги користат овие додатоци пред сѐ“, вели таа.

Храната од инсекти ја следат предрасуди

Во Европа, веќе половина век постои масовно производство на инсекти. Лазаревска тврди дека храната од инсекти е иднината на човештвото од повеќе аспекти.

„Не само што светот може да се соочи со недостаток од храна, туку и производството на храна врши загадување на планетата. При самото производство на домашни животни, имате отпадоци што загадуваат, подземни води, голема продукција на јаглероден диоксид и заради тоа се оди во еден друг правец – производство на инсекти кои што се произведуваат на многу помала површина отколку домашни животни, продукцијата на СО2 е многу помала и температурата не се зголемува толку како кога имате производство и зголемување на популација на големи животни“,

Сепак, што и да се случува, никој не може да ве убеди да јадете нешто што не сакате. Она што е важно е секој да биде информиран за сѐ што постои и е достапно на пазарот и најважно, да биде строго регулирано и контролирано. Инсектите се дел од основната, специјалната храна, како додаток за храна во целиот свет, па и кај нас. Во Хрватска веќе и се наздравува со пиво, добиено од штурец! На здравје!

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Слаѓан Милошевски
Монтажа: Давид Милошевски