fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
Моноспитовско блато - мочуриште што умира

Моноспитовско Блато – мочуриште што умира

Моноспитовско Блато е последното мочуриште во Македонија. Сместено е во плодната струмичка котлина под планината Беласица, крај селото Моноспитово. Неговата површина просечно изнесува околу 400 хектари. Блатото е вистинско засолниште за ендемични видови на флора и фауна, но неговата биолошка разновидност е многу малку проучувана и во голем дел непозната. Иако од 1987 година е под заштита, мочуриштето со тек на годините претрпе сериозни оштететувања, а неговата узурпација и деградација се повеќе се интензивира.

Моноспитовското Блато во последните 60 години е под силен притисок кој произлегува од човековите влијанија. Оттука, со текот на годините неговата површина се намалува, трската се пали, водата се загадува, инфраструктурата се уништува, а живиот свет полека но сигурно исчезнува. И покрај тоа што мочуриштето располага со голем потенцијал и е единствено такво во Македонија, неговото уништување никого не загрижува. Никој не презема ништо да се зачува барем она што е останато.

01/14

Поглед од горе над Моноспитовско блатоМоноспитовското Блато е најпространото водно станиште од блатно-мочуришен тип во Македонија. Просечната надморска височина му е околу 210 метри, при што најниската точка се наоѓа на 202 м, а највисоката на 240 м. Повремено плавените водни станишта се нарекуваат блата, а оние кои се постојано плавени се мочуришта. Моноспитовското Блато во себе ги содржи овие две категории водни станишта. Околу блатата и мочуриштата на Моноспитовското Блато се наоѓаат влажни ливади или поплавни шуми кои пак делат граница со земјоделски површини на околните жители.

02/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 2Доколку се направи ретроспектива низ времето за Моноспитовското Блато, тоа поминува низ пет периоди. До 1947 година блатото се практикувало за лов и риболов, се напасувале и говеда по ливадите, а рогозот и трската се користеле за покривање на куќите итн. До 1963 година биле спроведувани интензивни мерки за исушување на Моноспитовското Блато. Периодот до 1990 година се карактеризира со постојано освојување на површини од мочуриштето од земјоделците и земјоделско-индустриските комбинати.

03/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 3Во 1987 општината Струмица донесе акти за прогласување на Моноспитовското Блато и кралската папрат за споменици на природата. Блатото е дел и од Рамсарската конвенција за водни станишта, воспоставена токму за да се промовира заштитата на ваквите станишта и нивното одржливо искористување и управување. Но, и покрај тоа и до ден денес се интензивира криволовот на птици и риби што доведува до драстична редукција на нивната популација. Индивидуалните земјоделци од локалните села перманентно окупираат нови површини од преостанатото блато.

04/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 4Во Моноспитовското Блато се среќаваат шест типови станишта: мочуриште, блато, влажни ливади, шуми, фрагменти од тресетишта со сфагнум и земјоделски површини. На овие станишта егзистираат различни видови ратителни заедници меѓу кои и некои со исклучително значење поради тоа што имаат реликтно потекло и претставуваат остатоци од вегетацијата која некогаш масовно се развивала на овие простори. Денес ваквите заедници се среќаваат само во фрагментарна состојба и во процесот на природната сукцесија тие полека исчезнуваат. Чувствителни се на какви било промени и спаѓаат во категоријата на најзагрозени.

05/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 5Моноспитовското Блато во минатото се карактеризирало со голема биолошка разновидност, но сепак, за овој простор постојат мал број податоци. Она што претставува главен белег на Моноспитовското Блато е извонредниот растителен диверзитет. Тука се среќаваат лековити, корисни, флотантни (пливачки), ендемични и други растителни видови. Можеби најзначаен вид кој се среќава во Моноспитовското Блато е кралската папрат (Osmunda regalis) кој тука егзистира во заедница со блатната папрат и други растителни видови. Ова е единствениот локалитет во Македонија каде кралската папрат се развива и тоа на еден многу мал простор.

06/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 6Водните инсекти заедно со рибите, водоземците и влекачите се жители на Моноспитовското Блато кои целиот или најголем дел од својот живот го минуваат во водата на мочуриштето. Тие ги полагаат своите јајца на дното од ѓоловите или на растенијата кои живеат потопени во водата. Ларвите на сите водни инсекти го минуваат целокупниот свој развој во водата. Заради исушувањето на Моноспитовското Блато и влажните ливади во неговата околина, значително се намалени популациите на живиот свет, а особено на птиците. Во Моноспитовското Блато биле регистрирани вкупно 112 видови птици, а претпоставка е дека таа бројка веројатно била и повеќе од 130 видови. Денес нивниот број е непознат.

07/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 7Од вкупно 15 видови водоземци и 32 видови на влекачи регистрирани во Македонија, во Моноспитовското Блато се регистрирани 11 видови водоземци односно 16 видови влекачи, што е 73%, односно 50% од вкупниот број на видови. Ова говори за големата важност на Моноспитовското Блато за овие групи организми. Сите видови водоземци и влекачи, без исклучок, се вклучени во повеќе конвенции за заштита на видови и станишта. Од птиците, 61 вид се вклучени во анексот 2 на Бонската конвенција, дури 107 во анексите на Бернската конвенција, 46 имаат неповолен конзервациски статус во Европа, 62 видови се вклучени во анексите на Директивата за птици на ЕУ, а 46 видови имаат европски статус на загрозеност во некоја од неповолните категории.

08/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 8Во блатото постои и инфраструктура од дрвени патеки, колиби и набљудувачници кои во 2019, со средства од ЕУ, беа комплетно реконструирани, а со цел унапредување на алтернативниот туризам, како и овозможување услови за образовно – научни екскурзии во локалитетот. После само четири години од реконструкцијата целиот систем од патеки, колиби и набљудувачници е сосема напуштен и уништен.

09/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 9Борис Геговски, поранешен чувар во локалитетот, е сведок на едни подобри времиња кога колку – толку се водело грижа за блатото, имало чуварска служба, а поставената наколна инфраструктура служела за својата намена. Но сведок е и на бројни злоупотреби и нелегални активности во Моноспитовско Блато, а кои се однесуваат првенствено на ловот и криволовот.

10/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 10Според Геговски голем број плажи во охридско, преспанско, дојранско, но и во Грција и Албанија се опремени со настрешници и стреи изработени токму од моноспитовската трска. И денес палењето на трските, како и нивното сечење е редовна појава, а сето тоа се одвива стихијно, во подрачје од исклучително значење за природното наследство на државата, без притоа никој од надлежните институции да превземе мерки.

11/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 11Поради нерационалното користење на ресурсите на блатото, во Општината Босилово пред неколку години постоеше иницијатива мочуриштето да биде прогласено за национален парк, бидејки на тој начин би имало самоодржливост и можност за научни и биолошки истражувања. Но, во пракса, општината не успева да го одржи дури и она што е направено низ годините, а се однесува на инвестициите за развој на алтернативен туризам како и заштитата и унапредувањето на биолошката разновидност на Моноспитовското блато.

12/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 12Еутрофикацијата и загадувањето на водите е многу сериозна закана за биолошката разновидност на Моноспитовското Блато. Најголем дел од загадувачките материи навлегуваат преку континуираниот испуст на фекални отпадни води во Водочница, која е главен водотек што поминува низ блатото и која со себе ги носи комуналните отпадни води од градот Струмица. Тука е и континуираната и неконтролирана употреба на хемиски средства на околните земјоделски површини кои значително го интензивираат загадувањето на водата во Моноспитовското Блато.

13/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 13Уништувањето на стаништата е најсериозната актуелна закана која е идентификувана во Моноспитовското Блато. Исушувањето на блатните површини, како и сечењето и палењето на трските и другите растенија со цел да се зголеми плодната површина за земјоделски цели е присутна на сите периферни делови каде што е границата со земјоделските површини. Видовите кои живеат во водните екосистеми се карактеризираат со тесни прилагодби и уништувањето на нивните станишта неминовно доведува до драстично намалување на нивните популации и целосно исчезнување. Со палењето на трската директно се уништуваат живеалиштата на живиот свет, вклучително и живиот свет.

14/14

monospitovsko blato mocuriste sto umira 14Моноспитовското Блато е вреден реликт од природното богатство на Македонија, но, како и во многу случаи, и тоа пропаѓа поради општата негрижа на заедницата. За да се зачува потребни се итни мерки за: подобрување на квалитетот на водата со елиминирање на фекалниот притисок преку пречистување на отпадните води, да се намали неконтролирана употреба на хемиски средства во земјоделството, да се почитува режимот за лов,  да се обновуват влажните ливади кои ќе обезбедат дополнителни трофички услови и место за гнездење на разни видови птици, да се  прошират отворените водени површини на блатото, како предуслов за враќање на некои видови птици и други животински видови, да се вратат традиционалните практики на користење на трската и рогозот, да се врши перманентна едукација и подигање на јавната свест кај луѓето, да се воспостави мониторинг за состојбата на стаништата, флората и фауната. Многу труд, ама вреди.

Извори:

„Моноспитовско Блато: последното мочуриште во Македонија“ – Меловски Љупчо, Иванов Ѓорѓе, Ангелова Наталија, Даов Страшо, Комненов Марјан, Стеријовски Богољуб. Христовски Славчо, Меловски Димче, Стојанов Александар, Китанова Деспина, Велевски Методија, Павлов Александар, Трајкова Фиданка, Костов Васко, Авукатов Васко

https://mes.org.mk/blog/odrzhliv-iskoristuvanje-na-trskata-od-monospitovsko-blato/

https://opstinabosilovo.gov.mk

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Текст и фото: Дарко Андоновски