За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Малите диви депонии – главен еколошки проблем во рурална Македонија

Дивите депонии се еден од најголемите еколошки и комунални проблеми во Македонија. Во Македонија има 54 комунални и стотици диви депонии кои се со висок ризик за животната средина. Посебен проблем се малите диви депонии што се наоѓаат околу викенд населбите во близина на поголемите градови. Најчесто овие населби немаат регулиран комунален третман на отпадот, па несовесните граѓани го фрлаат отпадот во дупки, долови и во близина на регионалните и локалните патни правци.

Депониите на повеќе начини влијаат врз животната средина. Тие ги загадуваат подземните води преку инфилтрирање на „исцедок“ од отпадот, го загадуваат околното земјиште преку инфилтрација на дождовницата, а предизвикуваат и ефект на стаклена градина, како резултат на депониски гас со висока концентрација на метан.

За да се прекине ваквата пракса на нерегулирано одлагање на отпад потребно е имплементирање на Европската Директива за отпад на национално и локално со што проблемите со диви депонии би станале минато.

malite divi deponii glaven ekoloski problem vo ruralna makedonija 1Мала дива депонија, с. Блаце, Скопско

malite divi deponii glaven ekoloski problem vo ruralna makedonija 2Остатоци од стара електроника се чест вид на отпад

malite divi deponii glaven ekoloski problem vo ruralna makedonija 3Фрлањето на шут и градежен материјал во диви депонии

Сподели
samo-prasaj_gif-3