Европскиот бизон се враќа на Балканот

16 март 2022

„Обновувањето на овој изумрен вид е доста тешко и трае со години“, вели Христо Христов, експерт за биолошки диверзитет на проектот Rewilding Europe.

„По големина е колку бик и е подебел од вол зашто не е долг. Кожата, ако се простре, е доволна за седум легла. Инаку личи на вол, но има и грива, дури до плешките како на коњ. Но, косата му е понежна од онаа на коњот и помазна“. Вака го опишал Аристотел европскиот бизон. Првите пишани извори за ова животно се токму од времето на познатиот грчки филозоф којшто му го дал името бизон. Според неговиот опис, бизонот ја населил Пајонија, територија именувана по племенската група на Пајонци кои ја населувале. Се наоѓа во југозападните региони на Балканскиот Полуостров, во границите на денешните држави Македонија, Грција и Бугарија.

Европскиот бизон или зубар е најголемото тревопасно животно во Европа. Благодарение на човековата активност на почетокот на дваесеттиот век, исчезнаа последните диви претставници на овој вид. Бизонот е симбол на европската заштита на природата.

„Обновувањето на овој изумрен вид е доста тешко и трае со години“, вели Христо Христов, експерт за биолошки диверзитет на проектот Rewilding Europe.

  • evropskiot bizon se vrakja na balkanot 1
    Во античко време бил широко распространет во Европа и на Балканот. Обновувањето на видот во природата започнува со зачуваните животни во зоолошките градини. Благодарение на напорите на многу луѓе и организации во средината на XX век започна реинтродукција на одделни примероци одгледувани во затворени простории. Популациите на диви бизони се обновени во Централна и Источна Европа, главно во Полска и Белорусија. Европскиот бизон постепено се обновува во дивиот свет во Европа, но овој вид сè уште е на Црвената листа на загрозени видови. „Во моментов јужно од Дунав бизони има на територијата на ловиштето „Воден“ ловиште и на источните Родопи“, вели Христов.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија: Добрин Кашавелов

    Поврзани приказни