За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Царските орли во Србија – борба за опстанок

Пред две децении, Србија беше населена со дури десет пара царски орли, а потоа, заради човековото влијание, остана само еден. Таков беше случајот сѐ до мај 2020 година, кога, по упорните заложби на поединци и организации, Србија беше победоносно населена со уште два гнездечки пара.

Carskite orli vo Srbija borba za opstanok 1Автор на фотографијата: Тибор Рекецки

Како човекот ги доведе до загрозување царските орли?

Најважниот антропоген фактор што влијае на намалувањето на популацијата на царските орли во Србија е сечата на стари дрвја на плодната почва во Војводина. Економскиот интерес на земјоделците подразбира загуба на живеалиштата за многу видови.

Недостатокот на соодветно живеалиште ги одвраќаше царските орли да се населуваат во Србија, а од 2017 година бројот на возрасни единки од овој вид се одржуваше на скромниот број два. Овие птици ги населуваат стеблата на стари, високи дрвја, во Србија претежно тоа се тополи и дабови. Своите гнезда ги поставуваат во изолирани живеалишта, кои денес се сѐ помалубројни заради проширувањето на населбите и индустриските постројки.

Примарна храна на царските орли се стоболките, кои исто така не остануваат поштедени од загубата на своите живеалишта. Имено, стоболките ги населуваат пасиштата и ливадите, кои исчезнуваат при интензивниот развој на земјоделството.

Обидите со труење на диви животни, воглавно чакали и други предатори честопати доведуваат до труење на птиците грабливки чие внимание за време на летот го привлекува отровната мамка. Таквиот „плен“ мошне често го содржи пестицидот фурадан, кој во себе содржи карбофуран, чијашто продажба и употреба во Србија е забранета уште од 2014 година. Труењето кај царските орли предизвикува неплодност, физичка изнемоштеност и смрт.

Неизоставен причинител за падот на популацијата на царскиот орел е и ловот. Крилјата со распон од два метри се сметаа за непроценлив трофеј за ловците, и токму поради тоа денес тие ретко можат да се видат на небото над Србија.

Ова не е крај на негативните влијанија на луѓето: патиштата се ризични и честопати се клучни за младите орли, и не треба да забораваме на далноводите. Птиците обично угинуваат веднаш од електричен удар, доколку во исто време допрат две жици или жица и заземјен дел од столбот. За важноста на ова прашање зборува и фактот дека Законот за заштита на природата во Република Србија предвидува столбовите и техничките компоненти на среднонапонските и високонапонски водови да бидат конструирани на таков начин што птиците и лилјаците треба да бидат заштитени од електричен удар и механичка повреда, додека локациите за ветерници се утврдуваат така што се избегнуваат важните живеалишта и миграциските патеки на овие видови.

Carskite orli vo Srbija borba za opstanok 2Автор на фотографијата: Никола Вељковиќ

Сето погоре наведено, доведе до тоа да остане само еден гнездувачки пар на царски орли кој живее во близина на селото Српски Крстур. Парот беше именуван како Ерџика и Бора, со цел да се популаризира заштитата на овој вид. Заложбите на населението за опстанок на царските орли во биолошката разновидност на Србија, вклучувајќи многубројни донации на ЕУ и  други донации, а воедно и подигнувањето на свеста на граѓаните, резултираа со испилување  на пет младенчиња, од кои едното симболично го доби името – Нада што значи надеж.

Битката на орнитолозите

Зачувувањето на бројот на царски орли во Србија се врши во соработка со Чешка, Словачка, Австрија и Унгарија во рамките на проектот „Заштита на царските орли во Панонската низина со намалување на смртноста предизвикана од човечкиот фактор“, односно Pannoneagle LIFE, од 2016 година, и ќе трае до 2022 година. Проектот е кофинансиран од ЕУ, а главните цели се: зголемување на бројот на единки, намалување на негативните ефекти од нивниот прогон и уништување, намалување на неприродната смртност, зголемување на шансите за откривање на нелегални активности, подигнување на јавната свест за важноста на заштитата како и подигнување на свеста на засегнатите страни во однос на влијанието на птиците грабливки врз населеноста на дивиот свет и алтернативните методи за управување со диви животни кои не се штетни за птиците грабливки.

Во борбата за зачувување на царските орли, особено се издвојуваше Здружението за заштита и проучување на птици на Србија чиишто членови поставуваа метални платформи за гнездењето на орлите, ги косеа обраснатите пасишта, садеа дрвца, обезбедуваа дополнителен плен, активно откриваа нелегални активности и можеби најважното – волонтерски и секојдневно го надгледуваа гнездото на орлите за да го спречат вознемирувањето на последниот гнездечки пар и нивните потомци. Здружението, заедно со Министерството за заштита на животната средина, се приклучија на кампањата ,,Лавовски за орлите” иницирана од Лав пиво, еден од водечките брендови во Србија. Меѓу другото, целите на кампањата се да се постави камера во живо за да се следи гнездото и да се обележат птиците со сателитски предаватели. Токму тоа е планирано за тековната година по прв пат да се означи едно младенче на царски орел со сателитски предавател за подобар увид во неговото однесување по напуштањето на гнездото.

Победа, но не и крај

После три години активна борба, во мај, орнитолозите и љубителите на природата го прославија гнездењето на два нови пара царски орли. Тие ја прославија победата на меѓународната соработка, победата на бројноста над истребувањето на видовите и победата на природата над интересот на човекот. Сепак, тоа не значи и крај на борбата за стабилноста на популацијата на територијата на Србија. Ова е само почеток, но исто така и пример како треба да се делува и како да се заштитат другите загрозени видови.

Сподели