Еко-амбасадор Башким Кочи
Многу е едноставно – шумата е живот. Шумата е живот за луѓето. Ова е пораката Башким Кочи, ветеран во заштитата на животната средина. Во своите последни работни денови како парк ренџер во националниот парк Шебеник- Јабланица во Албанија упатува апел дека единствен начин да ја заштитиме природата е преку заедничка и прекугранична соработка. Во оваа борба нема индивидуалци, сите треба да се вклучиме. Башким е нашиот #екоамбасадор.