Екоамбасадорка Маја Стојковска
Отпадоците расфрлани по тезгите на скопскиот бувљак, македонската уметница Маја Стојковска ги претвара подоцна во накит кој завршува по галериите низ светот – Минхен, Њујорк, Пекинг или Виена. Во формата, бојата и текстурата на отпадот, особено електронскиот, таа гледа основа за обетки, ѓердани или брошеви.
Новиот екоамбасадор на Дома, Маја Стојковска, порачува да им даваме втора шанса на нештата бидејќи Македонија е веќе преполна со ѓубре.
Режија: Ана Алексовска
Камера: Владимир Димоски
Монтажа: Борче Крстевски