Ден на планетата Земја
22 април 2020
Екофилм
Прегледи: 1161
Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја. Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот. Големите еколошки и природни катастрофи за кои сведочиме треба да ги разбереме како порака што Мајката Земја ни ја испраќа на сите.
Ги поканивме Претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчеј Галовеј заедно да го одбележиме Денот на планетата Земја и да испратиме порака дека сите заедно мора да учествуваме во подобрувањето на животната средина и во намалувањето на последиците од климатските промени.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.