Еколошко образование и климатска писменост „новото нормално“ за нашите деца
Високи температури во пролет, изгор лета, бури со силни електрични празнења, поплави, суши – климатските промени го менуваат нашето секојдневие. Затоа, еколошкото образование и климатската писменост стануваат „новото нормално“ за нашите деца. Експерти бараат промени во нашиот образовен систем, и во содржините и во пристапот. Со меѓународна поддршка веќе се спроведуваат проекти за искуствено учење од најмала возраст. Од Бирото велат – со новата концепција веќе се изготвени нови наставни програми коишто ќе придонесат за еколошки едуцирани генерации, подготвени за акција.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристо Душковски