Илустрација од раце како држат еколошки симболи, со текст: „Еколошката економија го проучува односот на човекот кон природните ресурси.“
Во Македонија постои децениско недомаќинско управување и трошење на природните ресурси особено водата и дрвната маса. Се уште кај нас постои старомоден поглед кон природата како депо со бескрајно многу ресурси кои чекаат да ги искористиме. Со ваков однос, штетите што ги правиме кон природата ќе ни се вратат како неповратни проблеми.