Состојбата со животната средина во Република Македонија е длабоко амбивалентна. Од една страна, во државата има бројни, многу значајни, еколошки вредности и светски природни наследства, а од друга, со децении постои лошо управување со природата, злоупотреба на природните ресурси како и непостоење на стратегиски пристап за решавање на еколошките проблеми и предизвици.
На сите овие еколошки проблеми, постои и уште еден – додатен проблем. Недостапноста на јавни информации, научни факти и толкувања за реалната состојба со животната тема. Постојат многу еколошки теми за кои малку или воопшто не се зборува, а доколку се зборува, јавниот дискурс е полн со погрешни информации. Во специјалното издание „Предизвиците во животната средина во Македонија: Чекори кон одржлив развој“ – се обработуваат токму такви теми. Во ова издание се опфатени темите: состојбата со заштитените подрачја во Македонија, домување и живот во урбани екосистеми, управување со отпад како и влијанието на миграцијата врз одржливиот развој.
Борбата за подобра животна средина претставува борба со широк фронт, каде секој се обидува да придонесе онолку колку што може кон градење на подобро иднина. Со ова специјално издание Институтот за комуникациски студии, укажува како може преку комуницирање на науката да се придонесе кон градење на информациски капацитети за состојбата со животната средина.

